Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Делегацијата на РСМ во посета на македонските здруженија во Измир

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со иселениците во град Измир. Заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски и градоначалникот на Градско, Киро Нацков, заменик министерот за култура, Даим Лучи и државната секретарка на Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска и Конзулот на Република Северна Македонија во Анкара, Илијаз Ферах утрото го поминаа заедно со македонците во Измир. За време на посетата беше искажана поддршката од страна на делегацијата за функционирањето на здруженијата на македонци во Измир.

Тренчевска заедно со градоначалникот на Чашка, Стојановски доделија лаптоп и печатач со цел зајакнување на нивната работа и олеснување на нивните активности и користење на дигиталните алатки за промоција на македонските вредности и култура. Од страна на државната секретарка на МОН, Казанџиска за децата беа подарени илустрирани сликовници со цел збогатување на библиотеката на здружението. Претставничката на МОН истакна дека во периодот кој што следи ќе се залага обезбедување на наставници на македонски јазик во Измир, Туркије.

На крајот од средбата беа доделени плакети во знак на благодарност за остварената средба.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК