13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Шукова: Министерството за животна средина ќе добие нова веб страница со цел полесно споделување на информациите со граѓаните

„Требаше да се менвуваат веб страниците на сите министерства и тоа да се унифицира. Јас сум министерка седум месеци и веќе направив распределба и обезбедивме средства за наскоро да имаме јавна набавка за нова веб страница. Нема да чекаме, бидејќи мораме да ги споделуваме информациите со граѓаните“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека не е во ред веб страницата на министерството да биде недостапна и кажа дека веќе се променети серверите и со новата веб страница се прави чекор напред во информирањето на граѓаните.

„Што во моментов работи министерството? Имаме проект од 55 милиони евра за управување со отпад. Овие треба да ги спроведе државата, бидејќи општините немаат капацитет. 55 милиони евра за управување со води. Очекуваме општините да имаат спремни проекти и голем дел имаат. Работиме и на прочистителната станица во Скопје. Таму не финансираме но трошиме човечки ресурси. Тоа е проект вреден 200 милиони евра кој треба да биде спроведен“ рече Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало нешто противзаконско во „Еразмус +“ како што зборува СДС, бомбастично ќе ги затвореа луѓето додека беа власт

C +