11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Шукова: Ќе се промени начинот на кој се плаќа надоместокот за собирање ѓубре, ќе се плаќа по произведеното количество отпад

„Покрај сите системи на кои работиме, подготвуваме и нова методологија за утврдување на надоместокот за собирање ѓубре. Сега плаќаме по метар квадратен – во 100 кватрати може да живеете сам и да продуцирате, на пример, 10 килограми ѓубре, или во 100 квадрати да живеат 10 луѓе и да произведуваат 1000 килограми, тие плаќаат исто“ рече министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека со измените ќе се плаќа според произведеното количество на отпад, а не по квадратурата.

„Со тоа ќе се стимулираат граѓаните да го селектираат отпадот ,бидејќи има преработувачи кои бараат отпад за преработка, бидејќи отпадот може да биде добар извор на заработка“ рече Шукова.

Министерката додаде дека потребно е зголемување на свеста за загадувањето бидејќи државата е полна со отпад.

„Тој отпад го правиме самите ние, на сите излетнички места, по автопатите. Тоа го нема во странство, бидејќи таму има казни. Затоа подготвуваме и предлог за комунална полиција“ рече Шукова.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.