Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Прв состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа првиот состанок на политичките директори на земјите учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во рамките на нашето претседавање со иницијативата.

Под мотото „Премостување поделби, градење доверба“, Северна Македонија претседава со иницијативата во периодот јули 2023 – крај на јуни 2024 година.
На состанокот, покрај претставниците на сите земји учеснички во Процесот, учествуваа и претставници на Советот за регионална соработка и на Европската Унија.

На состанокот беа презентирани приоритетите и календарот на настани на претседавањето на Северна Македонија со ПСЈИЕ, преку кои нашата држава придонесува во унапредувањето и зајакнувањето на регионалната соработка и добрососедските односи меѓу земјите од Југоисточна Европа.

Учесниците разменија мислења и за актуелните прашања од интерес за регионот и нивното влијание врз регионалната соработка, како и за поддршката на европската интеграција и одржливиот развој преку соработка помеѓу земјите учеснички во Процесот.

Иницијативата брои вкупно 13 земји од регионот на Југоисточна Европа. Покрај Северна Македонија, учествува и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдова, Косово, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Република Северна Македонија е учесничка во Процесот од самото негово формирање, а ова е наше трето претседавање по тие од 2000 – 2001 година и 2012 – 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е СВЕТА ПЕТКА – ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК: Еве што се верува во народот и кои обичаи се поврзуваат со овој ден

ДЕСК

ВИ БАРААТ УВЕРЕНИЕ ДЕКА НЕ СТЕ ОСУДУВАНИ – Каде се издава, како се добива онлајн и дали секој работодавач смее да го бара?

ДЕСК