Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одложено денешното рочиште за случајот со Пендиков

Одложено е денешното судско рочиште во врска со нападот врз секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков, што се води пред Основниот суд во Охрид.

Во судницата присутен беше Пендиков, но рочиштето беше одложено на барање на одбраната на второобвинетиот бидејќи сè уште во целост ги немаат разгледано доказите што Обвинителството им ги става на товар.

Aдвокатот на двајцата обвинети, Димитрија Цобоски, рече дека не му е позната содржината на обвинението за второобвинетиот.

Следното рочиште е закажано за 1 декември.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКА БУРА ОКОЛУ „АЛТА БАНКА“ – Филипче со прашања до Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ возврати

ДЕСК

ОДЛУКАТА СЕ БАРА ВО ВЕНЕЦИЈА – Владата побара меѓународно мислење за правосудниот испит

ДЕСК

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК