Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Стрелките на часовникот се поместуваат за час наназад: Еве за кого може да биде особено опасно преминот кон зимско сметање на времето

Претстојниот премин на зимско сметање на времето може да предизвика проблеми кај лицата со деменција – предупредуваат лекарите.

Британското здружение за Алцхајмерова болест вели дека часовниците што се враќаат следниот викенд може да дезориентираат некои луѓе.

Како што зимските утра стануваат потемни, на луѓето со деменција може да им биде тешко да ги приспособат шемите на спиење.

На нивниот биолошки часовник му треба повеќе време за да се прилагоди на новата ситуација.

Како што деновите стануваат пократки, некои луѓе со деменција може да доживеат и „синдром на зајдисонце“, што е промена во однесувањето подоцна попладне.

Во овој случај, дементираното лице може да стане многу вознемирено или збунето.

Деменцијата е синдром поврзан со континуирано опаѓање на функционирањето на мозокот.

Алцхајмеровата болест е вид на деменција и една од нејзините најчесто дијагностицирани форми.

Симптомите на деменција вклучуваат проблеми со губење на меморијата и ментална острина и брзина.

На поединците може да им биде тешко да зборуваат правилно, а проблемите со расположението и расудувањето во одредени ситуации се исто така карактеристични за болеста.

Можеби ќе ве интересира

Британска лекарка издвои пет замрзнати намирници за подолг и поздрав живот

C +

Комарци, оси и крлежи: Малите летни опасности што ги потценуваме

ДЕСК

Берење печурки: Како да знаете кои се јадливи, а кои отровни?

ДЕСК