18.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ќе добие ли партијата на Аровска поддршка од Груевски?

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, која на функцијата дојде со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, но се скара со лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, започнува да собира потписи за формирање на нова партија.

Партијата „Правда“ ќе биде лоцирана на улица „Ѓорче Петров“ бр. 49, на местото каде што се наоѓаат фирми на нејзиниот соработник Драган Митковски, кој, како што објавија дел од медиумите, е близок човек на Груевски, пишува „Градска.мк“.

Како дополнителен удар за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е тоа што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти.

Веќе подолг период се шпекулира дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е баш во добри односи со сестринската ЕПП и дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка бидејќи тој има сериозен проблем со меѓународните претставници, а во неколку наврати од различни центри Мицкоски беше посочен како проруски играч кој ги кочи интегративните процеси.

Внатрепартискиот раздор во опозициската ВМРО-ДПМНЕ со ова станува уште поизразен, бидејќи поумерените и проевропски членови започнуваат се поостро да се спротивставуваат на радикалите во своите редови, па не е чудно и тие да гласаат и да се префрлат во партијата за која потписи собира Арсовска.

Ваквите случувања алудираат и на тоа дека расколот во ВМРО-ДПМНЕ добива и меѓународни димензии, односно дека и нивните сестрински партии од Европската народна партија (ЕПП) ја избраа страната која е против Мицкоски.