Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без струја денеска делови од Кисела Вода, Карпош и Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, известува дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови на општините Кисела Вода, Карпош и Бутел.

Од 09:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат корисниците од улицата Лазар Димитров во општина Кисела Вода и корисниците од улиците Ристо Равановски, Анкарска и Борка Талевски во општина Карпош.

Од 10:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од поголемиот дел од населба Визбегово во општина Бутел.

Можеби ќе ве интересира

Скопјани пијат безбедна вода

ДЕСК

Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација

C +

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +