Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведено лице од липковско, превезувал огревно дрво без соодветна документација и употребил исправа со невистинита содржина

На 23.10.2023 во 09.45 часот полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, кај наплатна станица Романовце, лишиле од слобода маж од с.Гошинце, општина Липково.

Во товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина буково огревно дрво за кое не поседувал соодветна документација. Притоа, од извршениот увид во приложените документи биле констатирано дека бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓа со бројот на возилото, поради што постои основано сомнение дека употребил фалсификуван документ.

Лицето е приведено, пронајдените дрва се предадени на Шумска полиција Куманово, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК