Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ги покачивме платите на наставниците за 55%, го вреднуваме трудот и одговорната работа, велат од СДСМ

Интегрален текст од прес-конференцијата на Даниела Колева, пратеничка на СДСМ:

Во изминатите години СДСМ на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниот кадар во образованието.

Од 2017 година до денеска СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55%. Само во месец септември платите на наставниците се покачени за 15 отсто.

Со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.

Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години.

Дополнително, од следната година регресот за годишен одмор ќе биде 30% од просечната плата.

Резултатите на СДСМ за разликата од лошите, погубни политики на ДПМНЕ во образованието е јасна и очигледна.

СДСМ за 6 години ги покачи платите на наставниците за 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години за само 4 проценти. ДПМНЕ ги понижуваше наставниците и го рушеше нивното достоинство.

Освен во платите и вреднување на трудот на наставниците, СДСМ инвестира и во подобрување на условите за учење на децата но и за работа на наставниот кадар.

Преку значителни инвестиции, во изминатите години подобрени се условите за работа и учење во 80 училишта, реконструирани, обновени или новоизградени.

Платите во образованието растат значително и ќе продолжат да растат и понатаму, СДСМ обезбедува подобар животен стандард и подобри услови за работа.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК