Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

БРУТАЛЕН ГРАД – изложба на Снежана Алексовска во Бруталиск

Овој четврток 26.10.2023 во културниот центар Бруталиск се отвора изложба на фотографии од бруталистичките и модернистички вертикали од македонските градови на скопската фотографка Снежана Алексовска. Изложени ќе бидат 41 фотографија во црно-бела техника, а посетителите ќе можат да ја погледнат поставката и во наредниот месец по отворањето.

„За мене бруталниот град е повеќезначен наслов кој истовремено го допира сѐ уште доминантниот правец во нашата градска архитектура, особено во Скопје, но и студеноста и суровоста на градовите во кои живееме денес. Овие вертикали и прави линии кои ги гледаме кога ќе погледнеме нагоре се најубавите призори денес и се можеби највредното градско наследство. Бруталиск, како културен центар посветен на брутализмот и на градот сметав дека е идеално место за мојата изложба.“ – вели Алексовска.

„Брутален град“ е прва изложба на фотографии на Снежана Алексовска, која со фотографија се бави од својата младост, а веќе неколку години работи како кустос-советник и туристички водич во НУ спомен куќа на Мајка Тереза. Родена е во 1990 година и е дипломиран археолог. Таа е двократен победник на конкурсот „фотографија на неделата“ на Нова Македонија и нејзините фотографии „Мир и Слобода“ и „Меѓу Височините и Смогот“ се објавени на цели страници во печатеното издание на весникот во 2022 и 2023 година.

КЦ Бруталиск се наоѓа на бул. Илинден 38 во Дебар Маало во близина на зградата на Владата и изложбата ќе може да се погледне секој ден во наредниот месец од пладне до полноќ.

Извор: Трн.мк

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК