Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен бегалец од затвор, осуден на казна од 11 години и 2 месеца

Денеска во 10.30 часот во атарот на село Добрешане, кумановско, Оперативен тим Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишија од слобода лицето М.Ф.(35) од Куманово, соопшти МВР.

-Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11години и 2 месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик.
М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде има за доиздржување 6 години, 6 месеци и 2 дена, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +