Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

252 санкционирани возачи во Скопје, 177 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 252 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 177 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК