14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Македонската борба е за интеграција во ЕУ а не за изолација

– Македонската борба денес е борба за европска иднина на државата, за интеграција во ЕУ, како аманет на претходните генерации револуционери и одговорност и должност кон младите, идните генрации, соопшти СДСМ.

„Со СДСМ државата ги реализира стратешките цели. Од независноста во 1991-та година, преку членството во ООН во 1993 година до кандидатски статус за ЕУ во 2005 година. Во 2016-та година беше урнат режимот и повторно обновена демократијата, за во 2020-та година државата да стана членка на НАТО и две години подоцна да ги започне преговорите за членство во ЕУ, по 17 чекање со заштитен и обезбеден македонски јазик, идентитет, култура и посебност.

Македонската борба продолжува како политичката борба за подобра, европска иднина државата и на сите граѓани, а не за изолација и стагнација, што го нудат лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица.

Нивната понуда е блокада на европскиот пат, изолација и неизвесност, економомско назадување, иселување на младите.

Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови.

Европскиот фронт предводен од СДСМ ја продолжува борбата за европска иднина, за подобар живот за сите граѓани, до полноправно членство во ЕУ.“ – се вели во соопштенеито.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +