Centar.mk
БИЗНИСвест

Поддршката за домашните компании и успешните политики донесоа 800 милиони евра инвестиции, велат од СДСМ

-СДСМ е партнер на домашните компании. Со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ континуирано расте поддршката за домашните компании, соопшти СДСМ.

„Во изминатите шест години СДСМ обезбеди рекордна државна поддршка од 100 милиони евра за 919 домашни компании, преку законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Овие компании веќе имаат реализирано инвестиции од 500 милиони евра, а уште 300 милиони се во фаза на реализација во наредниот период.

Тоа се 800 милиони евра инвестиции од страна на македонските компании, што претставува инвестициски бум од домашни компании каков што досега не е забележан.

СДСМ продолжува со мерки и чекори за поддршка на домашните компаниите, да бидат конкурентни, подготвени за отворениот пазар на ЕУ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК