23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СТЕФАН БОГОЕВ/ STEFAN BOGOEV
.МАКЕДОНИЈА

Богоев: Планирам зајакнување на два сектори со цел сузбивање организиран криминал и корупција и можен шверц

„Вработените во царина како во ниедна друга институција имаат обврска да поднесат анкетен лист, како што директор, министер, пратеник е должен да поднесе анкетен лист пријава и одјава пред да влезе во позиција и откако ќе излезе од позиција. Во царина имаат таква обврска. Проблемот е во тоа што тоа досега детално не се прочешлувало. Сега планираме и тоа да го провериме. И тука планирам зајакнување на два сектори – секторот за професионална одговорност во делот на внатрешна контрола којшто контролира и санкционира корупција во редовите на цариниците и второ, зајакнување односно ставање во функција на опремата, човечкиот потенцијал во секторот за посебни истражни мерки, следење на телефонски комуникации и физичко следење, со цел сузбивање криминал и корупција можен шверц“, истакна Директорот на Царинска управа Стефан Богоев на ТВ24.

Тој додаде дека три месеци како директор на царина се обидува да имплементирам еден пристап којшто се состои од следното: подобрување на условите за вработените, и зголемување на платите на вработените, регрес К15, денови за одмор, добро регулирани права во колективниот договор којшто сега се потпишува и нови униформи после 20 години – тоа е еден сегмент, поддршка и создавање финансиски и други услови за вработените во царина да можат да работат. Вториот сегмент е казна и санкции – заедно со експерти од министерство за финансии на САД се работи на проверка на имотната состојба на вработените во царина.

„Верувам дека со подобрувањето на условите во плати, униформи и просторни услови на вработените, и со санкциите и зајакнувањето на на овие два сектори човечкиот фактор и корупираноста драстично ќе се намали“, заклучи Богоев.