Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Антиевропските политичари ги чека двоен пораз на изборите

-Антиевропските политичари ги чека двоен пораз на изборите идната година и на претседателските и на парламентарните, соопшти СДСМ.

„Иднината на државата е европска, друга алтернатива нема. По 17 години чекање вратата на ЕУ е отворена, поддршката од меѓународната заедница е јасна и недвосмислена.

Само Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ.

Граѓаните не сакаат нова изолација, економска стагнација и неизвесност, сакаат европска иднина, европски вредности, европски животен стандард.

Членството во ЕУ носи повисоки плати и пензии, пазар од 500 милиони луѓе за пласирање на македонските производи, пристап до европските фондови.

СДСМ е предводник на европскиот фронт и отворен за сите партии кои се за подобра европска иднина на државата.

Антиевропската политика на ДПМНЕ е антимакедонска и ќе биде поразена.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.