Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уште денеска студ и дожд, од утре пресврт: Се враќаат високите температури, синоптичарите објавија детална прогноза

Денес времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на места пообилни особено во западните делови и јужните делови.(над 20 l/m2). Од утре ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.

Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд

Прогноза за 19.10.2023
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 20.10.2023
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 23°C до 28°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 21.10.2023
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд..

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК