На панелот на ЦИВИЛ „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, На прашањето колку е реална зелената агенда, Соња Танеска, уредничка на Градска.мк одговори дека доколку се споредиме со Словенија, според големина, број на население, ако можела да ги искористи предпристапните фондови на ЕУ, и да се трансформира, како една од најеколошките држави, особено со примерот на главниот град Љубљана, тогаш може и Македонија,
„Според мене потребна е воља и стратегија. Ако го земеме градот Скопје зелени агенди, политиката е таа која ги диктира зелените агенди, политиката е таа која го диктира неговиот развој. Пранешниот градоначалник Петре Шилегов воспостави накаква агенда во неговиот мандат во однос на екологија, гасификација, тоа се смени откако дојде Арсовска, којакажа дека и е во фокусот зелената агебда , меѓутоа реалноста е сосема поинаква. Не ја гледаме во целост таа зелена агенда, изгубивме 2 години од нејзиниот мандат, изгубивем многу од таа стратегија, вели Танеска.
Сето тоа се сопре, имам чувство како за инает да не се искористуваат до максимум тие европски фондови, додава таа.
На прашањето кои се слабите алки во проблематиката како да го промениме менталниот склопна граѓаните, да не размислуваат про или против еколошките прашања, туку тоа да произлегува од нив самите, зелената агенда да им биде приоритет, вклучително и на локалната самоуправа, Танеска го истакна примерот како истите тие луѓе кога ќе отидат во Еропската унија знаат и тоа како да бидат еколошки освестени, но кога се во Македонија не се толку еколоѓки освестени.
Ова е можеби едно клише кое сме го виделе во реалноста како функционира, а зошто е тоа така- стравот од казните во странство, вели Танеска. Мислам дека во Македонија има неостаток од ценење на ресурсите, не ја цениме водата како природен ресурс, ја користиме максимално некорисно, за полевање бавчи.
Според мене, плаќањето казни и високи комуналии, колку и да звучи како непопуларна мерка, мислам дека тоа ниту една власт не сака да го воведе, е еден од успешните модели во Шведска, вели Танеска и нагласува дека на еколошката свест треба да се работи уште од мали нозе, од дома.
Извор: Civilmedia.mk