22.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наумоски: Зелените прашања се од егзистенцијално значење, неопходна е вистинска зелена опција

На панелот на ЦИВИЛ „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, политиколог Никола Наумоски, истакна дека зелената агенда може да ја сфатиме како уште една европска фраза која треба да покрие некаков процес во наредните неколку години.

Но зелената агенда е многу повеќе од тоа, тоа е прашање кое Македонија треба да си го одговара без разлика дали сме кандидат за член во ЕУ, дури и ЕУ да не е во близина, дури и да се наоѓаме на друг континент.

Зелените прашања се од егзистенцијално значење за секоја земја, за секој град. Прашањата за зелените процеси, прочистувања, инфраструктура, се прашања кои мора да ги одговориме што побрзо. Дополнително тие се измешани со европските процедури, но и со непостоењето на вистинска зелена политичка опција кај нас, нешо што го има како пракса последните 30,40 ,50 години во напредните западни демократии, и кои се „виновни“ што денес ЕУ ја наметнува зелената агенда прашања на кандидатите, потенцира Наумоски.

Наумоски го посочи примерот како сите сме подготвени инстантно да ги платиме сметките за телефон, а при тоа бараме начин сметките за смет, за вода, за училиште, за градинка да ги одложиме колку што можеме повеќе.

Тоа ме натера да помислам колку ние всушност евтино плаќаме за целиот тој процес на комунален отпад да биде решен од Градот и на крајот сепак да бидеме незадоволни како изгледа градот во смисла на хигиената, вели Наумоски.

Извор: Civilmedia.mk