19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЗДРАВЈЕ

Сите придобивки од чајот од цимет

И кога времето е топло и кога е студено, често се свртуваме кон билни чаеви кои нè радуваат, освен што ни помагаат да внесеме доволно количество течност во телото.

Еден таков чај кој со себе носи придобивки е чајот од цимет. Може да го подобри здравјето на срцето, да ги ублажи менструалните грчеви, да го намали воспалението и нивото на шеќер во крвта.

Според едно истражување, постојат неколку здравствени придобивки од чајот од цимет базирани на наука.

Полн е со антиоксиданси
Чајот од цимет содржи многу антиоксиданси, корисни соединенија кои ви помагаат да останете здрави. Студијата која ја споредувала антиоксидантната активност на 26 зачини покажала дека циметот го надминуваат само каранфилчето и ориганото.

Може да го намали воспалението
Студиите сугерираат дека соединенијата во циметот можат да ги намалат маркерите на воспалението. Ова може да биде исклучително корисно, со оглед на тоа што се смета дека воспалението е основата на многу хронични болести, вклучувајќи ги и срцевите заболувања. Се вели дека го намалува крвниот притисок, како и нивото на триглицериди и ЛДЛ (лошиот) холестерол.

Помага во борбата против бактериите и габите
Циметот има некои моќни антибактериски и антигабични својства. На пример, истражувањата покажуваат дека цинамалдехидот, главната активна компонента на циметот, го спречува развојот на разни бактерии, габи и мувла. Тие вклучуваат бактерии како што се стафилококи, салмонела и ешерихија коли, пренесува Независне новине.

Може да ја намали менструалната болка
Во едно истражување, на една група жени и биле дадени три грама цимет во првите три дена од менструалниот циклус, додека на другите не им било дадено ништо. Жените во групата со цимет искусиле значително помалку менструални болки од оние кои не.