Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец, баран по распишана централна потерница

Денеска, во 9.10 часот, на улицата Ѓорѓи Пенков во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 37-годишниот С. Л. од Скопје, извести МВР.

„Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување двегодишна казна затвор за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК