Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание, внимание: Битката на младите денес е за своето место под сонцето, тука, во својата држава

Секоја генерација има своја битка, а оваа генерација се бори за да се избори за своето место под сонцето, но тука, во својата татковина. Вака одговараа студентите во третата анкета на „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“.

Дел од студентите се мотивирани од храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на младите партизани, но дел воопшто не ги интересира историја, туку исклучиво иднина и подобро утре.

Студентите велат дека се борат за подобро утре, да го завршат факултетот, да се вработат, да успеат во животот. Некои се борат да не мора да се политички или партиски определени.

Иако некои студенти не се сигурни дали ќе ја добиеме битката за влез во ЕУ, повеќето од нив се оптимисти и ги истакнуваат придобивките од влез во Унијата: поголеми можности за студирање, економски, бизнис и финансиски придобивки, културни придобивки, итн.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило удри пешак, кој почина на местото

ДЕСК

Забрчанец: Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

ДЕСК

Мицкоски за најавената реконструкција: Pоединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваа

ДЕСК