Centar.mk
БИЗНИС

Министерот Бесими ќе учествува на Годишните средби на ММФ и СБ

11 октомври 2023, Скопје – Министерот за финансии Фатмир Бесими заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска од денеска учествуваат на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, што годинава се одржуваат во Маракеш, Мароко. Во фокусот на овогодишените средби е одговорот на предизвиците од климатските промени, енергетската транзиција, но и поголема отпорност и подготвеност на пендемии.

Во рамки на Годишните средби, министерот Бесими ќе оствари средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и други релеватни меѓународни финансиски институции, на кои министерот, согласно и овогоднешниот фокус на Годишните средби, ќе ги претстави заложбите на Владата на РС Македонија за еколошки одржлив економски раст, инвестициите во зелени проекти и политиките што се преземаат за реализација на оваа определба и имплементација на зелените проекти.

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК