Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: СДСМ ќе биде столбот, клучниот фактор на оваа борба во градењето на иднината на нашите граѓани и на нашата татковина

„СДСМ ќе биде столбот, клучниот фактор на оваа борба во градењето на иднината на нашите граѓани и на нашата татковина Северна Македонија. Сега е време, тоа е нашата борба на оваа генерација. Имаме историска шанса којашто не смееме да ја пропуштиме“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски по повод 11-октомври.

Тој посочи дека вратите на Европската унија се отворени, се чека одлука на нас и повика на обединување зад бајракот на европска Македонија, во европскиот фронт.

„Да делуваме демократски и да функционираме европски. За европски плати, за европски работни места кои на младите ќе им нудат просперитет во сопствената земја, кои за младите ќе значат основање на дом во сопствената држава“, потенцираше Ковачевски.

„Да се избориме за еднакви можности за сите наши граѓани, за праведно и одговорно општество. За успешна држава во која секој наш граѓанин ќе има достоинствен живот од својата заработена плата, држава во која младите ќе добијат најквалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван и ќе живее убаво и спокојно“, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК