Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Тренчевска: До крајот на месецот ќе имаме мерки со кои ќе го поддржиме стандардот на пензионерите

До крајот на месецот ќе имаме конкретни мерки со кои ќе го поддржиме животниот стандард на пензионерите, особено на оние пензионери со ниски пензии, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Министерката тврди дека не споменала покачување на пензиите за 6,8 отсто ниту таа ниту, пак, кој било друг претставник на Владата.

„Претпоставувам од која кујна е излезено 6,8 проценти затоа што 6,8 ниту јас ниту кој било претставник на Владата не изјавил такво нешто. Моите изјави беа помеѓу 5 и 6 и околу 6, меѓутоа секогаш велев ќе ги почекаме податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС)“, рече министерката прашана за коментар за изјавите на пензионерите дека со покачувањето од 5,3 отсто добиле само од 200 до 300 денари.

„Не може да биде 200-300 бидејќи процентот е 5,3 според податоците на Државниот завод за статистика“, рече Тренчевска.

Ако има некој 200 или 300, порача министерката, слободно нека пријави во МТСП затоа што тоа е систем на пресметка.

„Јас не верувам дека некој има 200 или 300 денари добиено зголемување, односно усогласување, затоа што ако најниската пензија беше 12.500, на тоа кога ќе пресметате 5,3, е околу 800 денари“, изјави Tренчевска.

Можеби ќе ве интересира

CLOUDFLARE СО 39 ПРОЦЕНТИ ПОВИСОКИ ПРИХОДИ – Компанијата сепак пријави нето-загуба

ДЕСК

ПОЗНАТО Е КОГА ДОАЃА ПОВРАТОТ ОД „МОЈДДВ“ – Државата ќе може да исплати 2.100 денари по лице на скенирачите на сметки за последниот квартал

ДЕСК

ДАЛИ ВО ПЕТОК ТРЕБА ДА СЕ ПОСЕТИ МЕНУВАЧНИЦА – Колку денари се 100 евра, долари, фунти и франци на 6 ноември?

ДЕСК