26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Сега ни треба нов циклус, нова енергија, нова приказна – а тоа е европската економија на државата која ќе има доволно ресурси и капацитет за да биде дел од европската економија

„Сега ни треба нов циклус, нова енергија, нова приказна – а тоа е европската економија на државата која ќе има доволно ресурси и капацитет за да биде дел од европската економија. За да нашиот човечки капитал, биде дома, а произведува и сервисира услуги и за нас и за извоз, но и за милионскиот европски пазар. Ние докажавме и преку производството и преку услугите и преку новите компании кои се отвораат во новите индустрии, во ИТ индустријата, во производството на авто – делови дека имаме и знаење и вештини и капацитет да го направиме се она што можат да го направат и во Франција и во Италија и во Германија. Затоа, јас сум убеден дека дента кога ќе станеме дел од ЕУ, нашата држава и нашиот регион ќе бидат држава и регион со највисоки стапки на економски раст во однос на сите други сегашни земји членки на ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на Инфо сесијата посветена на стопанствениците „Довербата расте“.

Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија има амбициозен план – во план се изградба на најголемиот агриволтаичен парк „Стипион“ од француската компанија „АКИО“ и проктен тим работи на овој проект кој е со капацитет од 400 MW, најголемиот ветерен парк, на кој исто така работи проектен тим, од 400 MW „Вирови“, од германската компанија „ВиПиДи“ и нова когенеративна електрана на природен гас од грчката компанија „Митилионеос“ на која исто така работи проектен тим заедно со ТИРЗ“.

Тој додаде дека овие проекти заедно со огромниот број на фотонапонски централи кои секојдневно се градат, ќе овозможат енергетската транзиција на среден рок и што е најважно ќе овозможат енергетски раст, бидејќи без енергија не може да се развива ниту една економија.

Во новото време на економија базирана на иновации и знаење, најдобрите практики се критично важни. Вашиот успех е огромна инвестиција за растот на државата, заклучи Ковачевски.