Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Анкета на „Фокус“: Пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, внатрешните поделби ја ослабнаа партијата

Новата анкета на „Фокус“ покажува дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ придонесоа за пад на рејтингот на опозициската партија, но и подобрување на рејтигот на владејачката СДСМ.

Според анкетата објавена од „Фокус“, спроведена преку телефонска анкета на 1.200 испитаници од страна на агенцијата „STRATUM R&D“ на почеток од овој месец, за ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се изјасниле дека би гласале 10.1% од испитаните граѓаните додека пак за нова партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9.2% од граѓаните.

Од друга страна, за СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15.8% од испитаниците и во вакви околности владејачката партија избива на прво место.

Ваквите резултати покажуваат дека од раздорот во ВМРО-ДПМНЕ директна корист има СДСМ, што пак може да се види и од рејтигот на политичарите, каде што повторно Димитар Ковачевски е политичарот со најголема доверба меѓу граѓаните.

На прашањето кој ви е омилен политичар, за Димитар Ковачевски се изјасниле 12.8% од граѓаните и води пред Никола Груевски за кого се изјасниле 11.1% од испитаниците, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 10.5% кој моментално е на третото место.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК