Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пронајдена дрога во Радовиш, приведени две лица

На 06.10.2023 во 21.30 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.С. (39) од Радовиш, кај кого при преглед била пронајдена марихуана. С.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службен разговор изјавил дека марихуаната ја набавил од Д.Л. (38) од Радовиш. На 07.10.2023, врз основа на наредба на судија од Основен суд Радовиш, бил извршен претрес во домот на Д.Л., при што биле пронајдени две полиетиленски ќеси со марихуана. Д.Л. бил задржан во Полициската станица Радовиш и по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +