12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Македонската храна е со највисок квалитет и е барана поради вредните раце на нашите земјоделци

„На овие штандови денеска се нашиот бакрдан, вкусното ѓомлезе, сочните сирења, кашкавали, македонското макало, нашиот македонски мед, ајвар, надалеку познатото македонско вино и уште многу други традиционални производи. Нивниот квалитет е највисок и баран а тоа е благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје.

Тој додаде дека тоа е резултат на долги години земјоделска, , сточарска, лозарска, овоштарска традиција, која посветено се пренесувала од генерација на генерација, тука во срцето на Балканот.

„Денеска, овде, ја славиме традицијата, но истовремено ја испраќаме и пораката дека зголемување на домашното производство на земјоделски производи и храна е еден од најважните приоритети на Владата. Економската и енергетската криза покажаа колку е важно да произведуваме доволно за дома, но и за извоз, за да ја зајакнеме економијата“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека тоа подразбира стратегија која опфаќа повеќе сегменти, од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, европски фондови до вложување во човечки ресурси.

„Затоа, презедовме низа мерки за поддршка на домашното производство на храна, како што е новиот модел за субвенции, капитални инвестиции во водостопанството, поддршката за малите производители на храна, за малите семејни винарии, за младите земјоделци, за жените земјоделки и други мерки“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Ново раководство ја продолжува мисијата на Националната агенција за спроведување на европските програми за образование и мобилност

ДЕСК

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

C +

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК