Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Шаќири-Дајбл: УСАИД е докажан партнер во градењето квалитетно образование за секое дете

Реформата на основното образование успешно се реализира, а предизвиците со кои во изминатите неколку години се соочуваше Министерството за образование и наука, беа надминувани во од. Посочувајќи дека градењето квалитетно образование за секое дете е стожерна активност во која директно се вклучени и Бирото за развој на образованието и Педагошката служба, министерот Јетон Шаќири во разговорот со директорката на УСАИД Џери Дајбл се заблагодари за силната поддршка.

УСАИД соработува со Министерството во повеќе проекти кои имаат за цел јакнење на системот на образование. Значајна е финансиската поддршка насочена кон медиумската писменост, обуките на наставниците, младинскиот активизам. Посебно внимание се посветува на активностите поврзани со инклузијата на децата со посебни образовни потреби во редовниот образовен систем.

Министерот Шаќири ја нагласи исклучителната важност на поддршката што УСАИД ја дава во изградбата и реконструкцијата на училишни објекти, нивното опремување и набавката на нагледни средства. Едно такво училиште е ОУ со Ресурсен центар „Иднина“ во Чаир каде со поддршка на оваа организација ќе се изгради целосно нов објект во следниот период. Двајцата соговорници се согласија дека инвестициите во образованието се најдобриот начин за градење генерации кои ќе го водат општеството кон прогрес.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК