15.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Казни без селекција за оние што не ги почитуваат одлуките, нема да има зголемување на цените, уверува Државниот пазарен инспекторат

Државниот пазарен инспекторат известува по реакциите на граѓаните, на општата и стручна јавност, во врска со зголемување на цените што се пласирани во јавност деновиве дека зголемување на цените на основните прехрамбени производи нема да има.

Пазарниот инспекторат ќе продолжи, како што велат од оваа институција, да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените.

„Ќе проверуваме дали стои ознаката „гарантирана цена“ и дали се почитуваат другите одредби од одлуките, кои се однесуваат на трговците на мало и на трговците на големо. Граѓаните да бидат спокојни! Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат. Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените, кои се веќе донесени. Оној што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција“, порачуваат од таму.

„Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард“, изјави директорот Горан Трајковски.