Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

18-годишно момче избодено со нож пред кафеана во Скопје

Вчера, во 20.42 часот, во СВР Скопје, од итна медицинска помош било пријавено дека на улицата Тале Христов во Скопје имало повредено лице со остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 20.30 часот пред угостителски објект две лица физички го нападнале М. А. (18) од Скопје, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреди. М. А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +