18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Би помогнале на секоја иницијатива за реконструкција на спомен куќи кои се во приватна сопственост

„За спомен куќите кои се во приватна сопственост мене би ме радувала секоја иницијатива којашто ние како Министерство за култура можеме да помогнеме. Меѓутоа, тоа е прашање на приватна сопственост“ истакна Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата во Владата.

Таа додаде дека имало таков случај пред извесен период кога фамилијата на еден наш добро познат уметник, посакал куќата да ја остави во наследство на државата и целиот негов опус.

„Моментално, установата којашто е надлежна за тоа, работи на таа тема. Последен таков пример беше новата Национална установа Смилевски конгрес во село Смилево, каде што последниот наследник од фамилијата Даме Груев одлучи неговата родна куќа да ја предаде во сопствеништво на државата. И ние сметавме дека таму е најдобро да ја сместиме оваа манифестација којашто претставува важен дел од развојот на оваа држава и тоа како треба да се обележува. Токму затоа на таквите иницијативи одговараме позитивно“ соопшти министерката.

Таа додаде дека е прашање дали воопшто ќе постои иницијатива и во која форма ќе биде таа иницијатива насочена

„Дали ќе сакаат да ја зачуваат употребата на таа куќа, дали ќе биде музеј или само спомен соба. Сите тие приватни куќи коишто можат да послужат за културниот пејсаж, ние стоиме на располагање во секој момент“ заклучи Костадиновска-Стојчевска.