Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Стабилно до четврток, потоа промена – Детална прогноза за времето

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра.

Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата. Во петок се очекува и засилен северен ветер претежно вдолж Повардарието.

Прогноза за 05.10.2023
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 24°C до 31°C

Утрото свежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд претежно во западните делови од земјата.

Прогноза за 06.10.2023
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 30°C

Утрото свежо, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне претежно во западните делови ќе има појава на локален дожд.

Прогноза за 07.10.2023
Минимална температура: 3°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК

Митева со згрозување и осуда за изјавите на Петар Богојески

ДЕСК