16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ бара прчини за блокирање на сопствената држава

„ВМРО-ДПМНЕ бара причини за блокирање на сопствената држава на патот кон ЕУ. Она што е реалноста е дека во 2024 година во Европскиот Парламент има избори, каков ќе биде распоредот на силите тогаш е знак на прашалник, дали ќе имаме ваква поддршка како и сега“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека дали тогаш политиката ќе биде заинтересирана за проширување со државите кои не преговараат ќе останува да видиме.

„Сега имаме јасна ситуација и треба да ги искористиме можностите. И Фон дер Лајен и сите потврдија дека билатералните спорови не се дел од преговарачката рамка. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се, ние и ЕУ тврдиме дека не се. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека преговорите не се започните, а официјални претставници на ЕУ кажаа дека се“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ додаде дека ВМРО-ДПМНЕ наметнува страв кај народот за бугаризација и губење на идентитетот.

„Кој може овој народ да го натера да ја смени својата нација. Пет векови сме биле под Османлиите, окупирани од Срби, Бугари, но Македонецот останал Македонец и како Македонец ќе влезе во ЕУ. Никој не треба да се сомнева дека тоа ќе биде така“ рече Коциќ.