Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ е за изолација, СДСМ за членство во ЕУ и поголеми плати и пензии

-На политичката сцена во земјата има два спротивни концепти – на ДПМНЕ, кој е за изолација и на СДСМ, кој е за членство во ЕУ, соопшти СДСМ.

„Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните, а изолацијата економско уназадување.

Позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле се најсилен показател.

Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%.

Ако СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија за 40%, со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат.

Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.

ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту аргументи зошто сака да блокира подобар животен стандард на граѓаните.

Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени. Државата да продолжи по европскиот пат.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК