22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Млеко, месо, леб, пекарски производи, тестенини: Објавен списокот со гарантираните цени, кои треба да се применат од утре

Министерот за економија Крешник Бектеши го објави списокот на прехранбени производи, кои во согласност со одлука на Владата треба да поевтинат 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало.

Овие производи, како што рече Бектеши, во маркетите ќе бидат обележани со гарантирана цена до крајот на ноември 2023 година.

Тој соопшти дека листата е утврдена и цените ќе треба да се применат по објавувањето во „Службен весник“.

Леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо, тестенини и слично, се дел од производите што ги најави Бектеши.

Бектеши ги повика и производителите и трговците да се координираат бидејќи пазарните инспектори, како што рече, ќе издаваат казнени налози со забрана за вршење дејност, односно продавниците ќе бидат затворани.

„Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот ‘гарантирана цена’, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од август 2023“, рече Бектеши.

Појасни дека продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалаци за намалување на цените и на овие производи.

За оние што сакаат да манипулираат, како што рече, најавени се строги контроли и казни.