Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Жељко Јовановиќ за ЕУ Ромапрес: Ќе  воведеме корекции во нашата работа во Северна Македонија преку искрен и директен дијалог со нашата заедница

– Ќе воведеме корекции во нашата работа врз основа на научените лекции во Северна Македонија. Научивме поуки од нашите одлуки, како и од одлуките и постапките на оние со кои сме работеле до сега. Но, тие корекции нема да се засноваат на коментари на Фејсбук, туку на реалноста на теренот, искрен и директен дијалог со нашата заедница, на нашите стратешки цели како и на развојот на состојбите во домашната и меѓународната политика- вели Жељко Јовановиќ во интервју за ЕУ Ромапрес.

Тој додава дека градоначалникот на Шуто Оризари, кој во моментов е еден од политичките претставници на Ромите во Северна Македонија има многу позитивна реакција на веста за новата фондација. 

-Покрај градоначалникот, многу луѓе ме контактираа лично и многу други луѓе кои работат со мене од Северна Македонија, како и од дијаспората, особено од Шутка. Голем дел од нив се луѓе кои не се вклучени ниту во невладиниот сектор, ниту во политичките партии. Повеќето од нив се оние кои не ги ни познавам. Тие изразија искрена благодарност до г. Сорос, до Фондацијата Отворено општество – вели Јовановиќ.

Тој е еден од поддржувачите на Ромскиот образовен фонд, кој досега работел во Северна Македонија, како и Иницијативата за ромско претприемништво.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК