Centar.mk
БИЗНИСвест

Меѓународната агенција објави крај на употребата на фосилните горива

И покрај бројните проблеми, најновите проценки укажуваат на насока на намалување на светската побарувачка за нафта.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека побарувачката за нафта го достигнала својот врв и наскоро ќе почне да се намалува. Заклучокот се заснова на повеќе факти, меѓу кои е и драстичниот напредок во технологиите кои овозможуваат производство на зелена енергија.

Секако, има и вистински бум во електромобилноста, поради што се зголемува уделот на електричните автомобили на пазарот на нови автомобили. Напредокот е толку голем што решија да ги поправат своите превиди во однос на производството на фосилни горива.

Имено, претходните прогнози беа дека производството ќе го достигне својот врв во 2030 година, а сега прогнозираат дека тоа ќе се случи порано во оваа деценија. Оваа теза јавно ја објави дури и директорот на ИЕА, Фатих Бирол.

„Само врз основа на денешните политички поставки на владите ширум светот – дури и без какви било нови климатски политики – побарувачката за секое од трите фосилни горива ќе достигне врв во наредните години“, напиша Бирол во авторски текст за Фајненшл тајмс. „Ова е прв пат побарувачката за какво било гориво да достигне врв оваа деценија – порано отколку што очекуваа многу луѓе.

Овде, Бирол го нагласува зголемувањето на уделот во производството на електрична енергија од обновливи извори, особено сончевата енергија и енергијата на ветерот, како и намалувањето на зависноста на Кина од јаглен. Конечно, тука се воените настани во Украина кои влијаеја на забрзаната транзиција кон алтернативни извори на енергија.

Можеби ќе ве интересира

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

ДЕСК

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

ДЕСК

До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ Обврзници

C +