20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин на 14.09, 15.09, 16.09 и 18.09. во периодот од 08:00 до 18:00 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ:

Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.04.2023, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5тона.