25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Членството во НАТО креираше стабилен безбедноен амбиент кој е препоознаен од инвеститорите

„Со членството во НАТО обезбедивме стабилен безбедносен амбиент со што инвеститорите ја препознаа земајта како значајна порта за влез на европски пазар“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Скопскиот економски и финансиски форум.

Тој додаде дека стапката на невработеност денес е 14 отсто, за разлика од 2016 година кога беше речиси 24 отсто.

„Споредбата за овие години е огромна и кога се работи за странските директни инвестиции. Ако во 2016 година директни инвестиции изнесуваа 338 милиони евра, во 2022 година, по пандемија и во ек на глобална економска и енергетска криза изнесуваа речиси 754 милиони евра. Дуплирано во однос на 2016 година“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека инвестициите во ТИРЗ во 2016 година изнесувале кумулативно 600 милиони евра, додека во 2023 година изнесуваат две милијарди евра.

„За споредба, во 2016 година минималната плата изнесуваше 10 илјади денари, а сега од март изнесува 21 илјада. Двојно повеќе во однос на тоа од пред доаѓањето на оваа влада. Просечната нето плата во 2016 година изнесувала нешто над 22 илјади денари, а денес таа е историски највисока и изнесува 37 илјади денари. Тоа се цели 230 евра месечно повеќе во семејниот буџет на работниците“ рече Ковачевски.