34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски и Џенрик од Тирана: Со заедничка соработка до одговор на сите предизвици

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на работниот престој во Тирана, Република Албанија, а по повод учество на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес оствари работна средба со министерот за емиграција на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Роберт Џенрик.

Двајцата министри разговараа за прашањето на миграција и нејзините движења, како и за криумчарењето на мигранти, при што беше заклучено дека мора заеднички да се работи и соработува, со цел да има успешно менаџирање на миграцијата.

На средбата, исто така, стана збор за темата организиран криминал, како и справувањето со сајбер заканите. Двајцата соговорници се согласија дека за овие теми нема простор за импровизирање, туку само со заедничка соработка и поддршка на вакви и слични платформи како што е Берлинскиот процес, да се даде брз, ефикасен и ефективен одговор на сите предизвици.