16.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Кривичниот законик нема еден автор, а строгите казни понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста

 

Кривичниот законик нема еден автор, а строгите казни во него понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста, вели академик Владо Камбовски за „Слободен печат“.

– Има осцилации од она што ќе го предложи работната група кога ја прави измената на Кривичниот законик до она што ќе биде конечно усвоено. Често има голем притосок во јавноста за да се усвојат построги казни за одредени дела, како што беше примерот пред неколку години кога се зголемија казните за педофилите откако претходино имаше случаи на силување на деца. Јавноста смета дека со построго казнување ќе се намали појавата на одредени кривични дела и врши притосок за пропишување на построги казни. Така беше и за време на транзицијата кога имаше притисок за поригорозни казни за оние што незаконски го присвоиле општествениот капитал. Исто така, во последната измена кога требаше да се усогласи Кривичниот законик со Истамбулската конвенција невладините организации и граѓанските здруженија кои беа во работната група бараа и издејствуваа построги казни против семејното и родово-базираното насилство – вели академик Камбовски за „Слободен печат“ во врска со висината на затворските казни, за чија висина деновиве во јавноста професори кривичари, како и премиерот Ковачевски коментираат дека се многу строги.