13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестЛОКАЛНО

ЕКО-ПАТРОЛАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗГОТВИ 52 ЗАПИСНИКА ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ АВГУСТ

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 52 едукативно-информативни записника за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Ѓорче Петров.

Еко-патролата врши секојдневен надзор и дежурства на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.

Воедно, во рамките на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија приближно 180 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците Крсте Асенов и Методија Митевски во општината Чаир, на улицата Алија Авдовиќ во општината Гази Баба, како и во непосредна близина на фонтаната во Градскиот парк.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан

ДЕСК

Валбон Лимани додели признанија на учениците од Летното училиште 2025

ДЕСК

Минатата недела санкционирани се 100 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ДЕСК