27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Зоран Заев за грчка телевизија “One Chanel”: Очекуваме пет години по Преспанскиот договор Грција да ги смени патоказите кои упатуваат кон ФИРОМ

-Имплементацијата на Поговорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето Преспанскиот договор да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ- изјави изјави поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за “One Chanel”.

Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.

-Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна взаемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава- додава Заев во интервјуто.