11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: За уставните измени ќе гласаат 118 пратеници, освен Левица кои сакаат сојуз со Таџикистан и Казахстан

„За уставните измени ќе има 118 гласови на крај, бидејќи Левица е против ЕУ, тие со Таџикистан и Казахстан ќе правеле заедници“ рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања за седницата за уставни измени.

Тој додаде дека има речиси цела година до крајот на мандатот на овој пратенички состав и порача дека ова е шанса која не треба да се пропушти и дека секој пратеник треба да ја земе одговорноста пред себе.

„Седницата за уставните измени ќе продолжи кога ќе има услови кога ќе се знае дека најголемото мнозинство веќе има разбрано дека ова е одлука за подобрата иднина на државата“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека пријателските дипломати, од пријателски држави кои изминатиов период доаѓаат во земјава кажуваат дека сега е моментот Северна Македонија да ги продолжи европските интеграции.

„Тие не доаѓаат да мачат и да вршат притисок, туку да искажат став дека во ЕУ постои расположение и интерес Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ и до 2030 година да станеме земја-членка. Историските моменти кога стратешките интереси и на најголемите држави во ЕУ и на САД и кај нас се поклопуваат, не се постојани и не се толку чести“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +