Центарот за управување со кризи извести дека вчера биле изгаснати 44 пожари, додека активни се пет пожари.
Како што известува ЦУК, се уште гори во општина Долнени, село Зрзе – еден крак село Рилево, а втор крак село Сливје, каде гори сува трева, деградирана шума; село Кошино каде гори ниска вегетација и деградирана шума; село Костинци кон село Зрзе. Таму гори сува трева; Пожар има и во општина Куманово, село Бељаковце каде е запалена сува трева и ниска шума и во општина Гостивар, село Долна Ѓоновица каде гори дабова шума, ниска шума, ливади и грмушки.
Изгаснати се пожарите на 44 места и тоа:
– Општина Илинден, 1: атар на населба Илинден кон с.Арачиново (трска);
– Општина Арачиново, 1: с.Арачиново (ѓубре, трска и сува трева);
– Општина Кисела Вода, 1: бул.Борис Трајковски (ѓубре, тополи и сува трева);
– Општина Гази Баба, 1: ул.Перо Наков (ѓубре, бандери и дрвена ограда);
– Општина Студеничани, 3: с.Моране (стрниште и сува трева), с.Љубош (сува трева и шупа) и с.Батинци (ѓубре);
– Општина Карпош, 1: с.Бардовци (ѓубре и сува трева);
– Општина Сарај, 2: с.Рашче (сува трева), с.Семениште (сува трева);
– Општина Бутел, 1: с.Горно Оризари (сува трева и ѓубре);
– Општина Аеродром, 3: на ул.Божин Николов (ѓубре), с.Лисиче (сува трева), на ул.Тодор Чангов (сува трева);
– Општина Битола, 3: кај Бензинска пумпа„ Пелагонија Петрол“ (сува трева), с.Брод, м.в.Ергела (сува трева); кај Германски гробишта (ѓубре);
– Општина Прилеп, 10: Во четири одделни интервенции кај касарната во Прилеп (сува трева), с.Алинци (стрништа), кај фабрика 11ти Октомври (сува трева), и во два наврати кај с.Тополчани (стрништа); под Маркови Кули (сува трева); с.Житоше (сено);
– Општина Долнени, 4: с.Дебреште (стрниште), с.Ропотово (стрништа); с.Стровија (сува трева и шума); с.Бело Поле (стрниште);
– Општина Василево, 1: с.Пиперево (сува трева и трска);
– Општина Струга, 5: кај училиште Јахја Кемал (сува трева), с.Ливада (дива депонија), кај Калишки пат (сува трева), с.Велешта (сува трева) и кај селата Подгорци и Вевчани (стрниште и сува трева);
– Општина Кичево, 1: с.Туин (сува трева и грмушки);
– Општина Дебар, 1: кај Дебарско Езеро (сува трева);
– Општина Македонски Брод, 1: с.Грешница, м.в.Попов Камен (смрека и лисната постелка);
– Општина Велес, 3: Градска депонија (ѓубре), с.Отовица (ѓубре); с.Иванковци (стрниште);
– Општина Тетово, 1: с.Долна Лешница (сува трева).