15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Почина поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски

Поранешниот селектор во алпско скијање Иван Лесевски почина денеска на 69 години, соопштија од Скијачката федерација на Македонија.

Тој е роден на 11 јануари 1954 година. Дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје. Со повеќе од 40 години активно работење, својот живот го посвети на спортот и ги оствари најдобрите резултати во историјата на македонското скијање.

Во својата долгогодишна кариера, Лесевски беше тренер на јуниорската репрезентација на Југославија, тренер во ски клубот „Работнички“ и тренер на македонската скијачка репрезентација, како и член на раководните структури на Скијачка федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје, како и организатор на голем број на спортски настани. Беше учесникк на шест Зимски олимпски игри, како тренер и селектор на алпинците.

За својата работа, делување и успешност, добитник е на многубројни награди: Тренер на годината на град Скопје 2014 година, после остварените успеси на Зимски олимписки игри 2014 во Сочи, 2 пати се закитил со наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер, а во 2019 година се стекнува со Награда за животно дело.

Лесевски до последен ден активно работеше и придонесуваше за развојот на скијачките спортови во Македонија.

Скијачка федерација на Македонија изразува сочувство до неговото семејство и искрено жалење за оваа огромна загуба.

Можеби ќе ве интересира

Mozzart ја пишува спортската приказна – нов терен за идните шампиони во Свети Николе

ДЕСК

Драматичен финиш: ШК Алкалоид повторно Шампион, ШК Мулти Есенс непоразен до второто место!

ДЕСК

Лазим Дестани: Во спортот нема простор за говор на омраза

ДЕСК