Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Расчистен случајот со веењето знаме на т.н. „Голема Албанија“ во Тетово, кривична пријава за сторителот

Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично- правниот настан кој се случи на 11.08.2023 на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ.

По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин.

Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.

Можеби ќе ве интересира

Клековски: Со низа активности за подигнување на свесноста и превенцијата, заедно со Клиниката за неврологија работиме на спасување што повеќе животи и намалување на попреченоста од мозочен удар

ДЕСК

Петрушевски: Борци за сиромашните на говорница, а буржуи во пракса, така изгледа класната борба на Апасиев и Левица

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Ќе одговараш, и пред Европското обвинителство

ДЕСК